ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ НА ОПРЕМА ЗА ЛИЧНА ЗАШТИТА НА ЛИЦЕТО ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО, СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19

Почитувани,

Владата на РСМ, донесе Уредба со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот Covid-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во “Службен весник на РСМ“, број 107/20 од 22.04.2020 година и ќе биде во сила од 22.04.2020 до завршување на вонредната состојба.

Со оваа Уредба е пропишано дека секое домашно или странско физичко лице на територија на РС Македонија е должно да носи лична заштита на лицето:

  • при излегување надвор од својот дом,
  • при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и
  • при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Сите домашни и странски правни лица на територијата на РС Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност:

  • да обезбедат носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и
  • да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна

Пропишани се глоби за непочитување на оваа одредба и тоа:

  • за физичко лице 20 евра
  • за правно лице 2.000 евра
  • за одговорно лице во правното лице 500 евра

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат до 30 април 2020 година, ќе изрекуваат писмени опомени.