ВИСИНА НА МИНИМАЛНА НЕТО ПЛАТА ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ, МАЈ И ЈУНИ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 88/20 донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата со која се утврдува висината на минималната нето плата за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Согласно уредбата, висината на минималната нето плата за месеците април, мај и јуни 2020 година изнесува 14.500 денари.