УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 89/20 објави Уредба со законска сила за примена на Законот за облигационите односи за време на вонредната состојба со која се определува висината на стапката на казнената камата за време на вонредната состојба.

За времетраење на вонредната состојба, стапката на казнената камата се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

При пресметката на казнената камата од оваа уредба се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка на Република Северна Македонија.

Каз­не­на ка­ма­та за долг во де­на­ри за времетраење на вонредната состојба

Ре­фе­рент­на ка­мат­на стапка

 

Каз­не­на ка­ма­та во тр­гов­ски­те до­го­во­ри и ме­ѓу тр­гов­ци и ли­ца на јав­но­то пра­во и до­го­во­р

(Р.Бр.2+ 5%)

Каз­не­на ка­ма­та во до­го­во­ри­те во кои ба­рем ед­но­то ли­це не е тр­го­вец (фи­зич­ко лице)
(р.Бр.2+ 4%)

Од­лу­ка на НБРСМ
(последно објавена)

2

3

4

5

2,25%

7,25%

6,25%

08-39337/1 од 25.12.2019

 

Казнена камата за долг во странска валута за времетраење на вонредната состоја

Ед­но­ме­сеч­на стап­ка на
Еу­ри­бор за евра

Каз­не­на ка­ма­та во тр­гов­ски­те до­го­во­ри и до­го­во­ри ме­ѓу тр­гов­ци и ли­ца на јав­но­то право
(р. Бр 2 + 5%)

Каз­не­на ка­ма­та во до­го­во­ри­те во кои ба­рем ед­но­то ли­це не е тр­го­вец (фи­зич­ко лице)
(р. Бр 2 + 4%)

Да­та на камат­на стапка

2

3

4

5

-0,423%

4,577%

3,577%

31.03.2020