УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.107/20 објави Измени и дополнувања на Уредбатa со законска сила за примена на Законот за трговија која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба.

Со измените на уредбата се дополнува начинот и постапките за поставување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало - продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично за време на траење на вонредната состојба со тоа што:

  • на површина од секои 20 метри квадратни истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице;
  • може да пазарува само едно лице ако површината на објектите е помала од 20 метри квадратни;
  • Вработените лица се должни да носат заштитната опрема (маски и ракавици) за времетраење на работното време обезбедена од Трговецот.

Пропишани се глоби за непочитување на овие одредба и тоа:

  • за микро и мали трговци од 500 до 1000 евра
  • за средни и големи трговци од 1.000 до 2.000 евра
  • за вработеното лице 50 евра