УРЕДБА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.108/20 објави дополнување на Уредбатa со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба.

Со дополнувањето на Уредбата се утврдува рокот за поднесување на даночната пријава и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 февруари 2020 до 29 февруари 2020 година, за даночниот период од 1 март 2020 до 31 март 2020 година, за даночниот период од 1 јануари 2020 до 31 март 2020 година и за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 и тоа:

  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 февруари 2020 до 29 февруари 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 март 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 јануари 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 31 мај 2020 година.“