УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 86/20 објави Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите која ќе се применува за време траење на вонредната состојба. Со донесената уредба се утврдува рокот за поднесување на гаранцијата за обезбедување на плаќањето на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување за приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник.

Согласно Уредбата:

Приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување заклучно со 30 Јуни 2020 година.