УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 90/20 објави Уредба со законска сила за примена на законот за работните односи за време на вонредна состојба која е во сила и примена од 4 Април 2020 година и ќе се применува за време на траење на вонредната состојба објавена во (“Службен весник на РСМ“ број 68/20).

Со уредбата се:

  • Продолжува рокот за враќање на работникот на работа во случај кога на работникот му мирува работниот однос и работникот ќе се врати на работа за 15 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
  • Се утврдува задолжително користење на годишен одмор за работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, најдоцна до 31 Мај 2020 година и тоа:
  • неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 година, најдоцна до 31 Мај 2020 година
  • неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, најдоцна до 31 Мај 2020 година (овде спаѓаат. отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете и годишниот одмор на работник кој работи во странство,)
  • делот од годишниот одмор за 2020 година во траење од две непрекинати работни недели, најдоцна до 30 Јуни 2020 година.
  • Напомена: Ваквиот начин на користење на годишниот одмор не се однесува на вработени во приватниот сектор кои кои ги извршуваат своите работни обврски во просториите на работодавачот или работат од дома.
  • Отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.