СООПШТЕНИЕ ОД УЈП - КОРИСТЕЊЕ НА ФИСКАЛНИ АПАРАТИ СОГЛАСНО ОГРАНИЧЕНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 07:00 ДО 18:00 ЧАСОТ

Почитувани,

Управата за јавни приходи објави соопштение во врска со користењето на фискалните апарати за трговците кои согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 работат со ограничено работно време (од 07:00 до 18:00).

Соопштението Ви го испраќаме во прилог:

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), со кое се ограничува работното време од 07:00 до 18:00 часот на угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина и спортски обложувалници, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги и користат одобрен фискален систем на опрема (фискални апарати) дека користењето на истите се врши вообичаено како и досега, со изготвување на дневен финансиски извештај на крајот на работно време (во овој случај 18:00 часот) или пред почетокот на работно време следниот ден (во овој случај 07:00 часот).