ПОСТАВЕН Е ОБРАЗЕЦОТ ДД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИИ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА И ПРОЛОНГИРАН Е РОКОТ ЗА НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО 14 ДЕКЕМВРИ

Почитувани,

Управата за јавни приходи известува дека на Е-ДАНОЦИ е поставен образецот ДД-ОМА/1. Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РСМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона-вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година со исполнување на пропишаните услови.

За остварување на ова право даночните обврзници поднесуваат барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка образец ДД-ОМА/1 до Управата за јавни приходи најдоцна до петти наредниот месец за месецот за којшто обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка за временскиот период за кој побаруваат ослободување. Со цел да овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за месец ноември 2020 година, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 декември 2020.