ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ

Почитувани,

Владата на РСМ земајќи ја во предвид воведената вонредна состојба поради прогласената пандемија на коронавирус COVID-19 во „Службен весник на РСМ“ бр. 71/20 објави Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Врз основа на таа одлука во „Службен весник на РСМ“ бр. 79/20 донесе измена и дополнување на истата, со која се дефинира висината на трговската маржа за одделни стоки.

Со Одлуката се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони со тарифен број 0805.

Највисоката трговска маржа на овие стоки, за трговските друштва и тровците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, односно до 15% во трговијата на мало.

Оваа одлука ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на РС Македонија.