ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО

Почитувани,

Поради зачестени контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат Ве потсетуваме на мерките кои ги донесе Владата, а кои се во насока на замрзнување на цените на одделни производи.

Со цел доследна примена на мерките, во прилог Ви ја испраќаме „Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговија на мало (преземи), како и извадок од заклучоците од 20-та седница на Влада одржана на ден 16.03.2020 на која беше донесена одлуката:

„Владата на Република Северна Македонија на 20-тата седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Оваа одлука влегува со сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, и е усвоена со цел да не се злоупотреби моменталната состојба на пазарот и да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО“.