ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ВО ВЛАДАТА НА РСМ, МИНИСТЕРСТВАТА И ДРУГИТЕ ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.107/20 објави Одлука за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на РСМ, министерствата и другите органи на државната управа.

Со изменетата одлука, распоредот на работното време во Владата на РСМ, министерствата и другите органи на државната управа се утврдува со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Оваа Одлука влегува во сила од 23 Април 2020 година.