Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Контакт
Choose language:
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Дома
»
Вести 2020
Вести
Почитувани комитенти,
Крај на година сме, а Владата сè уште не ги донесе измените на Законот за сметководствени работи. Ова ме потсетува на психологијата додека бевме студенти и познатиот виц:
„Колега, знаеш ли дека вовеле кинески како испит.
Ау, а кога се полага?
За три дена.
Фала богу има доволно време да го положиме.“
Еве и нашава Влада вака има уште цели десет дена да го донесе Законот и каде би се брзала - има доволно време.
Од друга страна барем имаме една среќна вест, а тоа е излегувањето на вакцината против веројатно најтешкиот невидлив непријател со кој сме се соочиле - COVID-19 и истата се надевам дека ќе започне како и во сите нормални држави, а со тоа процесот на имунизација би го завршиле до крајот на мај или јуни. Тоа ќе значи враќање во некоја нормала која одамна сме заборавиле како изгледа, а на сите ни е веќе неопходна.
Како и секогаш, ние да продолжиме да зборуваме за кои е посветено ова списание, а тоа сте Вие почитувани претплатници. Ќе го започнеме со сметководствен третман на разлики по попис, па ќе продолжиме со расходување на опрема и ситен инвентар од сметководствен и даночен третман. Најдоцна до првата половина на јануари 2021 година, даночните обврзници кои ги исполниле условите ќе треба да се регистрираат за целите на ДДВ, а пак даночните обврзници кои се регистрирани за целите на ДДВ, а кои веќе не ги исполнуваат условите, ќе треба да поднесат барање за дерегистрација. Во овој период се и подготовките за последната даночна пријава за 2020 година која има одредени специфичности во однос на другите даночни пријави.
Новини има во Законот за данокот на добивка, Законот за данокот на личниот доход, Законот за даночна постапка, како и во Законот за работните односи.
Како и секогаш, не ги запоставуваме ниту банките, ниту осигурителните друштва, ниту буџетските корисници и ги обработуваме разликите по попис, како и даночниот и сметководствениот третман на разликите констатирани со пописот.
Да ги заборавиме неволјите што ни ги предизвика престапната 2020 година, кои за жал оставија длабок траг насекаде во човештвото, да оддадеме почит на жртвите и да се сеќаваме на нив додека сме живи.
На крајот, да ни е
СРЕЌНА НОВАТА 2021 ГОДИНА,
да го победиме вирусот и да заживееме со полни плуќа така како што сите заслужуваме.
Со почит,
Др. Горан Рафајловски
Вести
Вести 2021
Вести 2020
Вести 2019
Вести 2018
Вести 2017
Вести 2016
Вести 2015
Вести 2014
Вести 2013
Вести 2012
Вести 2011
Пријава за Oнлајн семинар - Јануари/Февруари 2021
Понуда зa годишна претплата 2021
ПОРТФОЛИО - РАФАЈЛОВСКИ
КОНСАЛТИНГ И РЕВИЗИЈА