ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА 2021 ГОДИНА

 

Во „Службен Весник на РСМ“ бр. 299/20, Министерството за Финансии го објави износот на личното ослободување за 2021 година.

Согласно објавата на Министерството за финансии:

1. Даночното намалување утврдено во Законот за данокот на личен доход, за 2021 година на годишно ниво, изнесува 101.256,00 денари.
2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.438,00 денари.