ЈАВЕН ПОВИК БР.1

За поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд

Почитувани,

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје објави јавен повик за поднесување на апликации за директна финасниска поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани РСМ од посебниот кредитен фонд.

Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.

Овие средствата по првиот јавен повик се наменети само за одредени дејности:

Листа на дејности од НКД кои може да аплицираат за кредитната линија

Шифра

Н а з и в

49.10  

  Патнички железнички транспорт, меѓуградски

  49.41

  Товарен патен транспорт

52.21  

  Услужни дејности поврзани со копнениот превоз

52.24  

  Претовар на товар

52.29  

  Останати придружни дејности во превозот

55.1  

  Хотели и слични објекти за сместување

55.10  

  Хотели и слични објекти за сместување

55.2  

  Одморалишта и останати објекти за пократок престој

56.1  

  Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана

56.10  

  Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана

56.29 

  Останати услуги за подготвување и служење на xрана

56.3 

  Подготовка и послужување на пијалаци

79.1 

  Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори)

79.11 

  Дејности на туристичките агенции

79.12 

  Дејности на организаторите на патувања (туроператорите)

Јавниот повик со условите за аплицирање можете да го погледнете на следниот линк (отвори)