ИЗМЕНА НА УРЕДБАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СПОРТИСТИ, СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ И СПОРТСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ" бр. 94/20 објави измени на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба.

Со донесените измени се уредува:

  • Листата на баратели на финансиска поддршка за спортисти, стручни работници од областа на спортот и спортска администрација што имаат доставено комплетна документација, Агенцијата за млади и спорт ја доставува до Агенција за вработување на Република Северна Македонија (пред измените оваа листа беше уредено да се доставува до Управата за јавни приходи).
  • До 30 Април 2020 година, со барање за известување во врска член 2 точка 3 алинеја 4 од оваа уредба со законска сила дали секое поединечно лице од доставената листа е вработено во друг правен субјект во месец април 2020 година според евиденцијата на Агенција за вработување на Република Северна Македонија (пред измените беше уредено дека доставената листа се креира според евиденцијата на Управата за јавни приходи).
  • До 31 Мај (претходно 30 Април) 2020 година, со барање за известување во врска член 2 точка 3 алинеја 4 од оваа уредба со законска сила дали секое поединечно лице од доставената листа е вработено во друг правен субјект во месец мај 2020 година според евиденцијата на Агенција за вработување на Република Северна Македонија (пред измените беше уредено дека доставената листа се креира според евиденцијата на Управата за јавни приходи).
  • Агенција за вработување на Република Северна Македонија (претходно УЈП) врз оснва на барањето од став 4 алинеја 1 и 2 на овој член, до 5 Мај 2020 година, односно до 5 Јуни 2020 година ја известува Агенцијата за млади и спорт за лицата од листата доколку се вработени или ангажирани со договор на работа во друг правен субјект.

Ажуриран текст на уредбата можете да ја преземете на следниот линк (преземи)