ИЗМЕНА НА УРЕДБАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 97/20 објави Измена на уредбата со законска сила за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Со објавените измени се овозможува користење на финансиската подршка за сопственик/основач на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка.

Воедно се додефинираат одредбите кои уредуваа дека работодавач неможе да користи финансиска поддршка за работникот доколку користи ослободување од плаќање на данок на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (се додава) за мерките од проектот „Македонија вработува“.

Исто така, со објавените измени се менува член 6 став 2 од Уредбата со која се предвидува работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец Јули) (претходно месец Септември).