ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.102/20 објави уредба за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност.

Со донесените измени и дополнувања, од данок на додадена вредност се ослободува прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19.

Ослободување од ДДВ на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник за справување со Коронавирусот Covid-19.


За стекнување на правото на ослободување од данокот на додадена вредност, давателот на донацијата треба да обезбеди потврда од страна на буџетскиот корисник за примената донација пропишана во Правилникот за формата, содржината и начинот на издавање на писмена потврда за донации во јавните дејности.

Потврдата од ставот може да биде разменета меѓу давателот на донацијата и примателот на донацијата во електронска форма и по електронски пат (pdf и сл. формат, кој може да се отпечати) или во хартиена форма.

Давателот на донацијата води евиденција за дадената донација по примател на донација, број на потврда за примена донација, договор за донација, краток опис на донацијата и вредност на дадената донација во финансиски средства, добра и услуги.

Ослободување од ДДВ на прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисник заради справување со Коронавирусот COVID 19 кој се плаќа со финансиски средства од примени донации на буџетски корисник.

За ослободувањето од данокот на додадена вредност на прометот по овој основ, вршителот на прометот треба да обезбеди изјава од буџетскиот корисник во која изјавува под целосна кривична и материјална одговорност дека прометот се плаќа со донирани финансиски средства.

Вршителот на прометот од води евиденција за прометот на добра и услуги кон буџетскиот корисник.

За прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник, како и за прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисник кој се плаќа со финансиски средства од примени донации на буџетски корисник, вршителот на промет во фактурата го наведува основот за ослободувањето на прометот од данок на додадена вредност.

Ако вршителот на прометот, обврзник за данокот на додадена вредност не ги исполнил условите утврдени во оваа уредба со законска сила, истиот е должен да пресмета данокот на додадена вредност на овој промет согласно со Законот за данокот на додадена вредност.