ИЗМЕНA И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 76/20 објави измени и дополнувања на одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големи и трговијата на мало.

Со измената на одлуката се дополнува листата на производи за кој се утврдува највисока цена и тоа за производи:

  • Потрошен медицински материјал, и
  • Медицинска опрема и апарати.

Со оваа одлука највисоките цени на производите (леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена, потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати и дезифекциони средства се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, освен по исклучок за: производите чија увозна цена е повисока од највисоката цена што се применувала на 11 март 2020 година, треба да се користи трговскатa маржа која трговците ја применувале на 11 март 2020 година.

Со направените измени, истата нема да се применува до 30 Април туку до завршување на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.