ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ИЗДАВАЊЕ НА СТРУЧНОТО СПИСАНИЕ РЕПРЕЗЕНТ

Почитувани претплатници,

Во ова тешко време во кое се соочуваме со пандемија поради ширење на коронавирусот COVID-19 и прогласена вонредна состојба, се надеваме дека Вие и вашите фамилии сте во добро здравје и ги почитувате мерките и препораките донесени од Министерството за здравство и Владата на РСМ.

Во таа насока сакаме да Ве известиме дека во иднина, а се до траење на состојбата со пандемијата на коронавирусот, стручното списание „Репрезент“ ќе го издаваме само во електронска форма. Ова е со цел да се намали користењето на хартијата и намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19.

Начинот на доставување на списанието „Репрезент“ ќе биде преку е-mail каде што секој корисник - претплатник со внесување на своето корисничко име и лозинка (корисничкото име и лозинка што се користи за логирање на нашата веб страна www.rafajlovski.com.mk) ќе може да го преземе списанието.

Доколку немате корисничко име и лозинка за пристап, Ве молиме да ни пишете на нашиот службен e-mail info@rafajlovski.com.mk а ние во најкраток можен рок ќе Ви испратиме.

Исто така сакаме да Ве известиме дека сите наши претплатници имаат пристап до базата на стручните списанија „Репрезент“ објавени во периодот 2008 - 2020 година. Пристапот до оваа база на списанија е на следниот линк.

Ви благодариме на разбирањето и да се надеваме дека оваа состојба нема да трае уште долго и сите ќе излеземе на крајот како победници.

Останете ни во добро здравје.

Со почит,
Рафајловски Консалтинг