ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД - ДЛД-ГДП

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.101/20 го објави Правилникот за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на обврзникот. Правилникот е донесен согласно член 95 став (5) од Законот за данокот на личен доход „Службен весник на РСМ“ бр.241/18 и 275/19.

Согласно објавениот Правилник:

Годишната даночна пријава (Образец ДЛД-ГДП), се доставува до даночниот обврзник преку системот „e-персонален данок”.

Доколку даночниот обврзник не е регистриран на системот „e-персонален данок”, годишната даночна пријава се доставува до даночниот обврзник во хартиена форма.

Потврдувањето на податоците во годишната даночна пријава се врши со означување на полето „ПОТВРДУВАМ“ дека податоците во годишната даночна пријава целосно се совпаѓаат со остварениот вкупен доход, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на данокот на личен доход, во наведениот даночен период (календарска година)“.

Коригирање на податоците во годишната даночна пријава се врши доколку податоците на даночниот обврзник не се совпаѓаат со вкупниот доход, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на данокот на личен доход, со означување на полето „КОРИГИРАМ“ податоци во годишната даночна пријава кои не се совпаѓаат со остварениот вкупен доход, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на данокот на личен доход, во наведениот даночен период (календарска година)“ и истовремено коригираните износи за соодветниот вид на доход се внесуваат во празните полиња под податоците пополнети од органот за јавни приходи.

Коригираните податоци во годишната даночна пријава, се доставуваат преку системот „e-персонален данок” или во хартиена форма.

Формата и содржината на образецот ДЛД-ГДП се дадени во прилог кон Правилникот кој можете да го преземете на следниот линк (преземи правилник)