ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СПОРТИСТИ, СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ И СПОРТСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 90/20 објави Уредба со законска сила за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба со законска сила се уредуваат условите, начинот и постапката за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за месеците април и мај 2020 година.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен износ од 14.500 денари која ќе се спроведува преку Агенцијата за млади и спорт со средства обезбедени од Буџетот.

Корисник на финансиска поддршка согласно оваа уредба со законска сила може да биде спортист, стручно лице од областа на спортот и спортска администрација кое:

  • е државјанин на Република Северна Македонија;
  • е вработено на неопределно или определено време или ангажирано со договор на дело, авторски договор или друг договор со кој лицето е повремено или привремено ангажирано за извршување на работа (во натамошниот текст: договор за работа) во спортски клубови и национални спортски федерации, кои имаат решение за вршење дејност спорт, во натпреварувачката 2019/2020 година, од 1 септември 2019 година;
  • за месец декември 2019 година и јануари и февруари 2020 година, не остварило нето плата и/или надоместок врз основа на договор за работа во спортски клубови и национални спортски федерации повисок од 39.900 денари за секој месец одделно, согласно склучените договори и извршените исплати за истиот период и
  • не е вработено или ангажиран со договор за работа во друг правен субјект во месец април и мај 2020 година според евиденцијата на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Агенцијата за млади и спорт во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, на својот веб страна објавува соопштение за примена на оваа уредба со законска сила и во истиот рок уредбата ја доставува заедно со Барањето за исплаќање на финансиска поддршка за спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траењето на вонредната состојба, со потребната документација што се доставува во прилог на барањето, и Изјава кои се дадени во Прилог и се составен дел на оваа уредба со законска сила.

Спортските клубови кои имаат лица кои може да користат финансиска поддршка согласно оваа уредба со законска сила, до 15 април 2020 година до Националната спортска федерација доставуваат комплетна документација за користење на финансиската поддршка, односно за секое физичко лице спортист, стручен работник од областа на спортот или спортска администрација го доставуваат одделно Барањето и Изјавата со прилжената документација.

Националните спортски федерации до 22 април 2020 година до Агенцијата за млади и спорт доставуваат комплетна документација за користење на финансиската поддршка, односно за секое физичко лице спортист, стручен работник од областа на спортот или спортска администрација од спортски клуб или националната спортска федерација го доставуваат одделно Барањето и Изјавата со потребната документација.

Уредбата можете да ја преземете на следниот линк (преземи)