ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 92/20 објави Уредба со законска сила за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба со законска сила се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено - економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, за месеците април и мај 2020 година.

„Физичко лице кое врши самостојна дејност“ е трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое врши за наетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар.

Предмет на финансиската поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка поднесува „Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи, кое е дадено во Прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.

Барањето, физичко лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка, го поднесува преку системот е-pdd на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на приемот на Барањето.

Кон Барањето, физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход и физичкото лице кое врши самостојна дејност а се оданочува според утврден годишен паушален нето доход дава Изјава за исполнетоста на условите пропишани со оваа Уредба.

За користење на Финансиската поддршка, физичкото лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка, а се оданочува според вистински доход треба да ги исполни следните услови:

  • намалувањето на вкупните приходи на физичкото лице од вршење на самостојна дејност - барател на финансиска поддршка, во месец март 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност во 2019 година,
  • за физичко лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка кое е запишано во соодветен регистар (основан) после месец март 2019 година, вкупните приходи од самостојна дејност, за месец април 2020 година или месец мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година.
  • за физичко лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка, кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи од самостојна дејност за последниот сезонски период од четири месеци споредено со просечните приходи од самостојна дејност за сезонскиот период од истите че- тири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%.

Финансиската поддршка не може да оствари физичко лице вршител на самостојна дејност кое се оданочува по вистински доход и кое во 2019 година на годишно ниво има остварено нето доход пред оданочување во износ поголем од 478.800 денари, односно физичко лица кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и кое во 2019 година има утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

За времетраење на Финансиската поддршка согласно со оваа уредба со законска сила и четири месеци по престанувањето на важењето на оваа уредба со законска сила, физичкото лице кое врши самостојна дејност корисник на финансиска поддршка не може да престане со вршење на дејноста, освен во случај на пензионирање и смрт на физичкото лице.

Износот на финансиска поддршка од оваа уредба со законска сила, се исплатува до 13 - ти во месецот за претходниот месец на трансакциска сметка преку која физичкото лице кое врши самостојна дејност врши трансакции за дејноста, за исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, согласно со известувањето на Управата за јавни приходи.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход - барател на финансиска поддршка кое го искористило правото на финансиска поддршка, согласно оваа уредба со законска сила должен е примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година, пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (Образец Б), зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

Враќањето на износот ќе се изврши на три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.