ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНИЦИ ПОСЛЕ 21 ЧАСОТ

Почитувани,

За обезбедување на непречено движење на работниците кои работат за време на важење на полицискиот час, приватните фирми сами издаваат дозволи за работа после 21 часот на пропишан образец. Пропишаниот образец Ви го доставуваме во прилог (преземи). Потребно е на овој образец, приватните фирми да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Приватните здравствени установи, пекарите/бурекџилниците и погребалните правни лица имаат обврска задолжително да пријават до Министерството за информатичко опшество и aдминистрација. Пријавувањето е на пропишан образец кој е даден во прилог (преземи).

Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk

Дозволата за движење служи единствено од домот до работното место и назад.

Сите приватни фирми имаат обврска да го известат Државен инспекторат за труд ако имаат организирано работа ноќе на пропишан образец кој е даден во прилог. (преземи)

Известувањето се доставува до МТСП на меил адресата: prijava@mtsp.gov.mk

Подетални информации се дадени во насоките на Владата на Република Северна Македонија од 23 Март, Понеделник:

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.
Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.
Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.
Податоците потребно е да ги достават секој ден - најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.
Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.
Образецот на табелата е во прилог на ова известување.
За вработените во здравствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и меил. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.


Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:
- име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми / Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:
- тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,
- фотографија од објектот во кој се врши дејноста,
- име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Образецот на табелата во прилог на ова известување, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.

За погребалните правни лица се потребни следните информации:
- име и презиме, матичен број, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работната седмица.

Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk

За вработените во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум, како и за вработените во приватни фирми кои работат во смени (периодот меѓу 21:00 часот и 6:00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.

Во прилог образец/потврда, што секој работодавач во приватна фирма треба да го издаде за вработените кои е неопходно да работата во смени, односно после 21:00 часот. Образецот, вработениот има обврска да го покаже при идентификација, на службеното лице од Министерството за внатрешни работи.

Овие обрасци служат како дозвола за движење единствено од домот до работното место и назад.