ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНИЦИ ОД 19:00 ЧАСОТ ДО 5:00 ЧАСОТ НАРЕДНИОТ ДЕН И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНД

Почитувани,

За обезбедување на непречено движење на работниците кои работат за време на важење на полицискиот час, приватните фирми сами издаваат дозволи за работа НА НОВ ПРОПИШАН ОБРАЗЕЦ и тоа:

  • од 19:00 часот до 5:00 часот наредниот ден за период од понеделник до петок и
  • од 15:00 часот во сабота до 5:00 часот во понеделник за викендите.

Пропишаниот образец Ви го доставуваме во прилог (преземи).

Потребно е на овој образец, приватните фирми да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Дозволата за движење служи единствено од домот до работното место и назад.

Постапката е иста како за досегашните дозволи за движење.

Во прилог на ова известување Ви даваме:

  • Ажуриран текст на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија (преземи)