Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Контакт
Choose language:
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Дома
»
Вести 2020
Вести
БАРАЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ
Почитувани,
Во „Службен весник на РСМ“ бр.292/20, Министерството за финансии го објави Правилникот за формата и содржината на
„Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност“ - ДЛД-ОМА/1.
Согласно последните измени на Законот за данокот на личен доход, обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона - вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците
ноември и декември 2020 година
, како и за месеците
јануари и февруари 2021 година
, доколку ги исполнуваат следните услови:
даночниот обврзник - работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените,
вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април - септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април - септември 2019 година или
даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).
За остварување на правото за ослободување, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност до Управата за јавни приходи најдоцна до
петти
наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на личен доход за временскиот период утврден во законот.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот
„е- персонален данок“
на Управата за јавни приходи, а приемот на комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од десет дена од денот на доставување на барањето.
Даночниот обврзник кој го искористил правото за ослобдување, а не ги исполнил условите, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на доход од вршење на самостојна дејност што не ги платил заедно со камата пресметана согласно со Законот за даночна постапка.
Вести
Вести 2021
Вести 2020
Вести 2019
Вести 2018
Вести 2017
Вести 2016
Вести 2015
Вести 2014
Вести 2013
Вести 2012
Вести 2011
Пријава за Oнлајн семинар - Јануари/Февруари 2021
Понуда зa годишна претплата 2021
ПОРТФОЛИО - РАФАЈЛОВСКИ
КОНСАЛТИНГ И РЕВИЗИЈА