БАРАЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА АКОНТАЦИИ НА ДАНОК НА ДОБИВКА ДД-ОМА

Почитувани,

Ве известуваме дека Управата за јавни приходи на системот е-даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk) го постави новиот Образец ДД-ОМА “Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка“.

Согласно донесената Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка право на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка ќе имаат даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2 и тоа:

  • угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна),
  • туризам (шифра 79- Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55- Објекти за сместување) и,
  • транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт)

и кои ги исполнуваат следните услови:

  • Да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и
  • Даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Исто така, правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка можат да го користат и други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатите услови исполнуваат еден од следните услови:

  • Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или
  • Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во однос на месец февруари 2020 година, или ако
  • Даночниот обврзник затвори најмалку 50% од продажните местата преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка до УЈП.