31 МАРТ - РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИСКАЖАНА ЗАГУБА

Почитувани,

И покрај тешките времиња и тешките услови за работа, наша обврска е да Ве известиме и потсетиме за роковите кои следат, а за жал не се одложени земајќи ја во предвид вонредната состојба во државата. Во таа насока ве потсетуваме дека најдоцна до 31 Март друштвата кои оствариле загуба во 2019 година намалена за непризнатите расходи можат да поднесат Барање за пренесување на искажана загуба - Образец ДД-01 до Управата за јавни приходи.

Барањето за пренесување на искажаната загуба се поднесува со цел користење на правото за намалување на даночната основа во идните периоди.

Во Законот за данокот на добивка, е пропишано право на користење на остварената загуба искажана во Билансот на успех намалена за непризнатите расходи на товар на добивката во идните пресметковни периоди, но најмногу до три години сметано од денот на годината во која е искажана загубата.

Намалувањето на даночниот биланс се врши последаватено почнувајќи од износот на најрано насатанатите даночни загуби но само под услов претходно за овие загуби да се изврши покривање согласно Законот за трговските друштва.

Барањето “ДД-01“ даночниот обврзник го доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk, најдоцна до 31 март во годината што следи, по годината во која загубата е искажана.

Барање за пренесување на искажана загуба ДД - 01 (преземи)