ПОДЗАКОНСКИ АКТИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ

 

Почитувани,

Согласно последните измени на Законот за данокот на додадена вредност објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267/20, донесени се низа подзаконски акти - правилници со кои се уредува:
  • Формата и содржината на новиот образец ДДВ-04 со примена од 01 Јануари 2021 година; и
  • Формата и содржината на извештајот за примените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примателот на прометот образец ДДВ-ИПДО/П со примена од 01 Јануари 2021 година.
Овие правилници се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.315/20.

Исто така во „Службен весник на РСМ“ бр.315 е објавен правилник со кој се уредува формата и изгледот на фискалната сметка која треба да ја содржи повластената даночна стапка од 10%, формата и содржината на Книгата за дневни финансиски извештаи КДФИ-01 и Итна сметководствена книга ИСК-03.  

Со почит,

Рафајловски Консалтинг ДОО Скопје