НОВА РЕФЕРЕНТНА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА

 

Почитувани,

НБРСМ ја објави новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година која изнесува 1,50%.

Врз основа на тоа:

  • Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, изнесува 11,50% и,

  • Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, изнесува 9,50%.