НОВА ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

 

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.316/20, се објави новата одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

Со одлуката поблиску се опишуваат занаетчиските услуги кои од 01.01.2021 подлежат на оданочување со повластена стапка на ДДВ од 5%, како и ресторанските и кетеринг услугите кои исто така од 01.01.2021 година се оданочуваат со новата повластена стапка на ДДВ од 10%.