БАРАЊА ЗА ВРАЌАЊЕ ИЛИ ПРЕТВОРАЊЕ ВО ГРАНТ НА ДОБИЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

 

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.315/20 се објавија низа подзаконски акти донесени врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската кризa предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Подзаконските акти ја уредуваат формата и содржината на Барањата за враќање или претворање на добиената финансиска поддршка во грант.

Во прилог Ви ги даваме донесените правилници:
  1. Правилник за формата и содржината на барањето за пресметување на износот на враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
  2. Правилник за фомата и содржината на барањето за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка.
  3. Правилник за формата и содржината на барањето за претворање на финансиска поддршка за исплата на плати во грант.
  4. Правилник за формата и содржината на барањето за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати на месеците април, мај и јуни 2020 година.

Со почит,

Рафајловски Консалтинг ДОО Скопје