АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Јануари 2021 година е позитивен и изнесува 0,5%. Врз основа на наведеното, месечната аконтација за месец Јануари 2021 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2019 година зголемена за 0,5%.