ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Управата за јавни приходи на својата веб страна објави соопштение во кое известува за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 до 30 Април 2020 година.

Соопштението ви го даваме во прилог:

„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување на обрасци и плаќање на даночни обврски.

Согласно ова крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5 (пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година.“