НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ДО 31.01.2020 ГОДИНА

Почитувани,

Управата за јавни приходи објави Соопштение во врска со начинот на поднесување на барање за издавање на уверение за платени даноци и придонеси потребно како дел од документацијата за поднесување на апликација за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија од Компензационите фондови од странска помош по објавениот јавен повик од Развојната Банка на СМ АД Скопје.

Соопштението ви го даваме во прилог:

Согласно “ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УСЛОВИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА РЕПЛАСИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД КОМПЕНЗАЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ОД СТРАНСКА ПОМОШ” („Службен весник на РСМ“, бр.105 од 21.04.2020 година), како еден од критериумите за користење на средствата од Компензационите фондови од странска помош за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија од сите дејности, наведено е кредитобарателите да немаат неплатени даноци и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и придонесите во согласност со посебните прописите од областа на даноците и истите редовно ги плаќаат заклучно со 31.01.2020 година.

Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси заклучно со 31.01.2020 година, се поднесува исклучиво електронски преку системот е-Даноци.

Странките ќе може да го подигнат Уверението во точно определено време на повик од УЈП преку е-пошта или телефон.

Корисни информации: