ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ФАКТУРА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ" бр. 267/20 се објавија измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност со кои согласно член 53-в, даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма (PDF или друг формат).

За таа цел, сакаме да Ве известиме дека до важење на одредбите од член 53-в од Законот за данокот на додадена вредност (31.12.2021 год), друштвото Рафајловски Консалтинг фактурите ќе ги доставува во електронска форма.

Примателот на прометот во рок од 10 дена од приемот на ова известување има право да не извести дека ја одбива формата на достава на електронските фактури. Ако по истекот на 10 дена од применото известување, примателот на прометот не ја одбие формата на достава, ќе се смета дека е согласен доставата на фактури да се врши по електронски пат со испраќање на фактура во електронска форма согласно член 53-в од Законот за ДДВ.

Ви благодариме за соработката.