20 ГОДИНИ СО ВАС: ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ВРВНА СТРУЧНОСТ!
ПОЧИТУВАНИ КОМИТЕНТИ
Годинава, заедно со Вас, ја прославуваме дваесет годишнината од формирањето и постоењето на Рафајловски консалтинг и Рафајловски ревизија. Минавме низ низа премрежија, но исправено опстојувавме со надеж дека иднината ќе ни донесе подобри услови и за Ваше и за наше работење.
Во меѓувреме, Рафајловски консалтинг и Рафајловски ревизија, придржувајќи се кон меѓународните стандарди со крупни чекори грабеше напред во сите домени, особено во стручноста и иновативноста. Први, започнавме со употреба на интернетот, а потоа направивме веб страна на која можете секојдневно да ги прочитате најновите сознанија.
Нашата посветеност на работата ни овозможи да станеме полноправна членка на една од врвните меѓународни компании во светот во областа на консалтингот HLB International.
Во текот на годинава, при крајот се разбира, одиме со уште една иновација која многу ќе Ви помогне во работењето, а нас ќе не нареди во врвните неколку вакви компании во Европа и во светот.
Пред почетокот на новата календарска година, со сето почитување и со увереност дека ќе бидете наши комитенти, Ви ја испраќаме про-фактурата за претплата за 2012 година.
Да потсетиме уште еднаш што се нуди Рафајловски консалтинг за 2012 година:
Ü 12 стручни списанија Репрезент;
Ü 1 специјално издание за годишна сметка;
Ü 1 Р-Регистар со 16 дополнувања;
Ü Р-Регистар на мултимедијално CD;
Ü мултимедијално CD со сите стручни списанија за претходната година; и
Ü едно бесплатно советување годишно.
Оваа година советувањето ќе биде бесплатно само за нашите претплатници.
Претплатата останува иста и изнесува само 15.950 денари со вклучен ДДВ.
Да потсетиме, дека ова е најниска претплата затоа што за неа нудиме десет пати повеќе од другите куќи.
Веќе одамна е познато стручното списание Репрезент чија содржина разновидно ги разработува најактуелните теми од секојдневното работење од областа на сметководството, даноците, работните односи, деловното право, банките, буџетите и буџетските корисници, непрофитните организации и вршители на дејност.
Специјалното издание Репрезент ги содржи сите потребни упатства за составување на годишната сметка и финансиските извештаи согласно Меѓународните Сметководствени Стандарди (МСС), односно Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ), како и во согласност со Меѓународнот Стандард за Финансиско Известување за Мали и Средни Ентитети (МСФИ за МСЕ), чија примена започнува од 1 Јануари 2012 година.
Овој пат покрај веќе познатиот Р-Регистар во пластични корици со подвижни листови ќе ја добиете и неговата електронска верзија (CD) со што Рафајловски консалтинг дефинитивно го докажува своето следење на најновите светски текови од областа на консалтингот.
ВАЖНО: До колку се одлучите само за електронската верзија на Р-Регистарот претплатата ќе изнесува 14.700 денари.
Второто мултимедијално CD е збирката на сите изданија на списанието Репрезент издадени во претходната година што се дел од оваа претплата, што ќе значи едноставно и брзо пребарување на потребната стручна литература, која постојано ја нудиме во секое наше списание.
Затоа уште еднаш Ве потсетуваме дека само со нас можете навреме и соодветно да ги превенирате сите Ваши проблеми и се разбира да го усогласите работењето со најновите законски прописи, бидејќи само така ќе бидете во тек со барањата што ги поставува нашата држава.
Тоа и го покажавме и докажавме во текот на изминатото дваесет годишно постоење и работење со Вас.
Се надеваме дека нашата понуда ќе биде прифатена од Ваша страна и со тоа ќе оствариме долгорочна соработка.
Рафајловски Консалтинг ДОО
Само со нас ќе ги постигнете очекувањата!
Симни профактура за претплата за 2012 година (отвори PDF)
|