членки на


Понуда за претплата за 2012 година

Цени на горива
од 08.05.2012 година

Еуросупер БС - 95

83,50

Еуросупер БС - 98

85,50

Д-E 4 (еуродизел)

72,50

преглед на цени на горива

објавено на 15.05.2012 година

Задолжителен товарен лист за превоз на стоки за сопствени потреби

Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ“ број 68/04...06/12)

1. Засилена е контролата за носење на ТОВАРЕН ЛИСТ при превоз на стоки во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај.

Оваа обврска важи и за превозот на стоки за СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ.

2. За превозот на стоки за СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ во внатрешниот патен сообраќај во возилото мора да има:

1. товарен лист,

2. патен налог и

3. испратница

4. Лиценца - САМО ако возилото, товарот и приколката (ако ја има) ја надминува тежината од 3,5 тони.

Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице и глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за непочитување на оваа обврска.

 Бројот на Државниот инспекторат за транспорт 02 2464 510

Извадок од Законот (линк)

објавено на 03.05.2012 година

Почитувани,

Рафајловски Консалтинг само за Вас во затворениот дел на веб страната (база на податоци) го објави пречистениот текст на Законот за спречување перење пари кој ќе биде предмет на предавање на следното советување што го организира Рафајловски Консалтинг.

Темата за предавање: Обврски и одговорности на сметководителите согласно измнеите на Законот за УЈП и Законот за спречување на перење пари.

Напомена: Базата на податоци е достапна само за претплатници (линк)

објавено на 02.05.2012 година

Aконтација за данок на добивка за месец Април 2012 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за  месец Април 2012 година е 2,9 %

Објавено на 27.04.2012 година

Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Април 2012 година

објавено на 02.04.2012 година

Aконтација за данок на добивка за месец Mарт 2012 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за  месец Март 2012 година е 2,5 %

Право на пораст на платите за месец Март 2012 година 0,2%

обајвено на 31.03.2012 година

Почитувани,

Со измената на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на А.Д со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност објавен во („Службен весник на РМ„ бр.31/12) се пропиша обврската сите овие Акционерски друштва да доставуваат неревидирани годишни консолидирани и неконсолидирани финансиски извештаи за 2011 година до Комисијата за хартии од вредност најдоцна во рок од 5 работни дена од денот на нивното изготвување во рокот предвиден со член 477 односно член 506 од Законот за трговски друштва. Крајниот рок за поднесување на неревидираните консолидирани и неконсолидирани финансиски извештаи до Комисијата е 6 април 2012 година.

објавено на 29.03.2012 година

Податоци за пресметка на плата за месец Mарт 2012 година

објавено на 22.03.2012 година

Нови обрасци за достава на извештаи за дадена и примена донација/спонзорства

 

Започнувајќи од 19 март 2012 година, давателите и примателите на донации и спонзорства до Управата за јавни приходи треба да ги достават новите обрасци:

Извештај за дадена донација/спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ДВ“)
Извештај за примена донација/спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ПР“)

Доколку за донацијата, односно спонзорството се предвидени даночни поттикнувања, давателот и примателот на донација/спонзорство се должни најдоцна во рок од 30 дена од денот на исполнување на Договорот за донација/спонзорство до Управата за јавни приходи да ги достават новите извештаи.

Соопштение на УЈП (отвори)

објавено на 02.03.2012 година

Aконтација за данок на добивка за месец Февруари 2012 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за  месец Февруари 2012 година е 2,2 %

Право на пораст на платите за месец Февруари 2012 година 0,25%

објавено на 28.02.2012 година

Податоци за пресметка на плата за месец Февруари 2012 година

објавено на 08.03.2012 година

Известување за Законот за минимална плата

објавено на 24.02.2012 година

Измена во Законот за здраствено осигурување

Објавени се нови измени на Законот за здраствено осигурување („Сл. Весник на РМ“ бр.26/12 во натамошниот текст измени) кој стапува на сила од 29.02.2012 година.

Овие измени меѓу другото се однесуваат на член 18 од Законот за здраствено осигурување со кој се уредува исплатата на надоместокот од плата во случај на спреченост од работа заради болест. Имено досегашното решение да овој надоместок до 21 ден паѓа на товар на работодавачот, со измените надоместокот на товар на работодавач сега е до 30 дена, а над 30-от ден на Фондот. Со измените се утврдува исплата на боледување на товар на работодавачот од првиот до последниот ден на боледување во случај кога привремената спреченот за работа поради повреда на работа настанала како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областна на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот.

Со овие измени нова обврска за осигурениците, а тоа е дека во рок од (8) осум дена од добивањето на извештајот од матичниот лекар или од првостепената лекарска комисија на Фондот, осигуреникот овие документи мора да ги достави до работодавачот, односно Фондот, во спротивно осигуреникот е должен да се јави на работа.

Со член 31 од измените, Постапките за остварување на правата од задолжително здраствено осигурување кои се во тек на денот на влегувањето во сила на измените, ќе продолжат согласно со одредбите од овие измени.

објавен на 23.01.2012 година

Почитувани,

Во комплетот за годишна сметка 2011 година ќе се доставува нов Образец ДЕ - Државна Евиденција објавен во „Сл. Весник на РМ“ бр.09/12 (преземи правилник за изменување на правилникот за посебните податоци потребни за системот на државната евиденција и за формата и содржината на образецот за државната евиденција)

објавено на 03.01.2012 година

НОВАТА РЕФЕРЕНТНА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ
НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНАТА КАМАТА ОД
01.01-30.06.2012 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 4%

НБРМ ја објави новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.01.2012 до 30.06.2012 година, која изнесува 4%.


Врз основа на тоа: - Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, изнесува 14% и - Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, изнесува 12%.


Едномесечната стапка на Еурибор објавена на 30.12.2011 година изнесува 1,024%

 

Отвори (Одлука на НБРМ pdf.)

објавено на 24.12.2011 година

Објавено личното ослободување за 2012 година

Врз основа на објавата на Министерството за Финансии  во „Сл. Весник на РМ“ бр. 177/11, а во согласност со членот 10 од Законот за персоналниот данок на доход, износот на личното ослободување за 2012 година при годишно пресметување на персоналниот данок на доход од плати изнесува 89.640,00 денари.

Личното ослободување врз основа на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно е утврдено во износ од 7.470,00 денари, согласно со член 15-а став 2 од Законот. (отвори)

Напомена: Во собраниска процедура е Предлог - Закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кој се предлага стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување за 2012 година да останат непроменети како и за 2011 година, односно:

Ред бр.                                                   Опис Стапка
1

Придонес за задолжително ПИО

18,00%

2

Придонес за задолжително здраствено осигурување

 7,30%

3

Дополнителен придонес за задолжително здраствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување

 0,50%

4

Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност (придонес за вработување)

 1,20%

5

Вкупно придонеси 6=1+2+3+4+5

27,00%

објавено на 22.12.2011

Заклучок на влада по однос на одделни трошоци кај буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и ..., во услови на економска криза (преземи соопштение)

објавено на 19.12.2011 година

НОВ СМЕТКОВЕН ПЛАН

Од печат излезе новиот Сметковен план со аналитички сметки на Рафајловски Консалтинг составен според новиот правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план кој што се објави во „Сл. Весник на Република Македонија“ бр.174/11. Новиот сметковен план е  конципиран врз основа на Функционалниот принцип на класите од 0 до 9, во кои се внесени значајни новини. Овој сметковен план е наменет за сите правни лица независно каква дејност вршат, за сите вршители на дејности кои сметководството го водат по системот на двојно сметководство, задруги, подружници на странски правни лица, профитни установи, ревизори, вештаци, како и во образовниот систем при одржување на практичната настава со студенти и ученици.

објавено на 16.12.2011 година

Почитувани,

Во „Службен весник на РМ“ бр.173/11 се објави новиот: 

Правилник за начинот за пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното oслободување или двојното оданочување, кој ќе се однесува на утврдувањето на обврската на данокот на добивка за 2011 година.

Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на Данокот на додадена вредност образец ДДВ-04. Новиот образец за даночна пријава за данокот на додадена вредност ќе се применува со поднесување на следната даночна пријава односно од 25.12.2011 година. ДДВ обврзниците образецот ДДВ 04 можат да го преземат од веб страната на УЈП (преземи)

Истите можете да ги најдете во затворениот дел на веб страната (база на податоци) во категориите Закон за данок на добивка и Закон за Данок на Додадена Вредност.

објавено на 29.11.2011 година

Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход образец ПДД-П

Во „Сл. весник на РМ“ бр.162 пропишан е нов образец барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход ПДД-П. Барањето за паушално оданочување ПДД-П се поднесува до даночните канцеларии на УЈП секоја година, најдоцна до крајот на годината (31.12.) за која се врши утврдувањето на данокот. Образецот ПДД-П можете да го преземете на следниот линк

објавено на 16.11.2011 година

Предлог на закон за изменување на Законот за исплата на платите

До Собранието на Р. Македонија  поднесен е предлог на закон за изменување на законот за исплата на платите во Република Македонија. Со овој предлог се предвидува бришење на членот 5 од законот, што значи дека со влегување во сила на законот ќе престане и обврската за почитување на податоците за плати по гранки при пресметување на платата. Во иднина ќе мора да се почитуваат одредбите од Законот за минимална плата. Се предвидува овие измени да се применуваат со исплатата на платите за јануари 2012 година.

 

објавено на 11.11.2011 година

Во 2012 и 2013 година субјектите кои имаат блокирани сметки ќе можат своите побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија ...

Во собраниска процедура е предлог - закон за изменување на законот за платниот промет. Со овие измени се предвидува да одредбите од член 25 став 1 од овој закон да се применуваат од 1 јануари 2014 година, со што се дава можност субјектите кои што имаат блокирана сметка да и во 2012 и 2013 година да можат своите побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг. 

објавено на 04.10.2011 година

Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност

Во „Службен весник на РМ“ бр.135/11 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со овие измени се:

 

  • Продолжува рокот на важење на повластената даночна стапка од 5% за првиот промет на станови и станбени згради за станбени цели до крајот на 2015 година.

 

  • Примена на повластена стапка од 5% на услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок полупансион и полнпансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти; и

 

  • Примена на повластена стапка од 5% при прометот и увозот на сурово масло за производство на храна за човекова исхрана.

 

Овие измени ќе стапат во сила на 11.10.2011 година.

објавено на 21.02.2012 година

Aконтација за данок на добивка за месец Jануари 2012 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за  месец Јануари 2012 година е 4,1 %

објавено на 28.01.2012 година

Податоци за пресметка на плата за месец Јануари 2012 година

објавено на 01.02.2012 година

Нов Рекапитулар „СПД“

Почитувани,

Во „Сл. Весник на Република Македонија“ број. 13/2012 беше објавен нов Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на образецот за распределба на остварените приходи по дејности СПД - Рекапитулар кој е дел од комплетот на годишната сметка за 2011 година.

(преземи го правилникот)

објавено на 12.08.2011 година

Објавен е нов Правилник за вршење попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот

Во „Службен Весник на РМ“ бр.107/11 објавен е нов Правилник за вршење попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот кој ќе се применува од следниот ден од денот на објавувањето во „Службен Весник на РМ“ односно 11.08.2011 година.

објавено на 12.08.2011 година

Објавен е Меѓународниот стандард за Финансиско известување за мали и средни субјекти

Во „Службен Весник на РМ“ бр.107/11 објавен e Правилникот за дополнување на правилникот за водење на сметководство, со истиот пропишан е Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти кои ќе се применува од 1 Јануари 2012 година

МСФИ за мали и средни субјекти може да го симнете од затворениот дел за претплатници (база на податоци).

логирање

корисничко име
лозинка
заборавена лозинка?нов корисник?
e-mail

Нов сметковен план

Директивите на ЕУ и Правото на друштвата

Мултимедијално ЦД

Репрезент МАЈ 2012

Репрезент Годишна сметка 2011 година

Книги

Прирачник за ДДВ
со практични примери