објавено на 16.11.2011 година
Предлог на закон за изменување на Законот за исплата на платите
До Собранието на Р. Македонија поднесен е предлог на закон за изменување на законот за исплата на платите во Република Македонија. Со овој предлог се предвидува бришење на членот 5 од законот, што значи дека со влегување во сила на законот ќе престане и обврската за почитување на податоците за плати по гранки при пресметување на платата. Во иднина ќе мора да се почитуваат одредбите од Законот за минимална плата. Се предвидува овие измени да се применуваат со исплатата на платите за јануари 2012 година.
|