објавено на 04.10.2011 година
Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност
Во „Службен весник на РМ“ бр.135/11 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со овие измени се:
- Продолжува рокот на важење на повластената даночна стапка од 5% за првиот промет на станови и станбени згради за станбени цели до крајот на 2015 година.
- Примена на повластена стапка од 5% на услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок полупансион и полнпансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти; и
- Примена на повластена стапка од 5% при прометот и увозот на сурово масло за производство на храна за човекова исхрана.
Овие измени ќе стапат во сила на 11.10.2011 година.
Dodatoci na plata (normativen i dano~en aspekt (rabota vo smeni, no}na rabota, prekuvremena rabota, rabota na den na nedelen odmor, rabota na praznik, ...)
|