објавено на 31.10.2012 година

Основачко собрание на Институтот на сметководители и овластени сметководители

Почитувани,

На 3 Ноември 2012 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток од 10 часот ќе се одржи Основачко собрание на Институтот на сметководители и овластени сметководители. Согласно соопштението на Министерството за Финансии право на учество на основачкото собрание може да земат сите заинтересирани сметководители и овластени сметководители кои имаат подигнато уверение за сметководител или овластен сметководител од Министерството за Финансии до 31.10.2012 година и кои најдоцна до 01.11.2012 година до 15 часот ќе го пријават своето учество во Министерството за финансии. Пријавувањето и подигањето на материјалите за Собранието се врши лично, во просториите на Министерството на ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бр.50 кат 1 канцеларија бр.113 со презентирање на уверението за сметководител односно овластен сметководител.

Дневен ред на основачкото собрание:

1. Донесување на одлука за основање на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ

2. Донесување на статут на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ

3. Донесување на одлука за избор на претседател и членови на Надзорниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ.