Врз основа на објавата на Министерството за Финансии во „Сл. Весник на РМ“ бр. 177/11, а во согласност со членот 10 од Законот за персоналниот данок на доход, износот на личното ослободување за 2012 година при годишно пресметување на персоналниот данок на доход од плати изнесува 89.640,00 денари.
Личното ослободување врз основа на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно е утврдено во износ од 7.470,00 денари, согласно со член 15-а став 2 од Законот. (отвори)
Напомена: Во собраниска процедура е Предлог - Закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кој се предлага стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување за 2012 година да останат непроменети како и за 2011 година, односно:
| Ред бр. |
Опис |
Стапка |
| 1 |
Придонес за задолжително ПИО
|
18,00%
|
| 2 |
Придонес за задолжително здраствено осигурување
|
7,30%
|
| 3 |
Дополнителен придонес за задолжително здраствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување
|
0,50%
|
| 4 |
Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност (придонес за вработување)
|
1,20%
|
| 5 |
Вкупно придонеси 6=1+2+3+4+5
|
27,00%
|
|