објавено на 11.11.2011 година
Во 2012 и 2013 година субјектите кои имаат блокирани сметки ќе можат своите побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија ...
Во собраниска процедура е предлог - закон за изменување на законот за платниот промет. Со овие измени се предвидува да одредбите од член 25 став 1 од овој закон да се применуваат од 1 јануари 2014 година, со што се дава можност субјектите кои што имаат блокирана сметка и во 2012 и 2013 година да можат своите побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг. |