|
|
|
Понуда за претплата за 2012 година |
|
Еуросупер БС - 95
|
83,50
|
|
Еуросупер БС - 98
|
85,50
|
|
Д-E 4 (еуродизел)
|
72,50
|
|
|
|
се наоѓате во:
Дома » Архива
објавено на 21.02.2012 година
Aконтација за данок на добивка за месец Jануари 2012 година
Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Јануари 2012 година е 4,1 % |
објавено на 28.01.2012 година
Податоци за пресметка на плата за месец Јануари 2012 година |
објавено на 01.02.2012 година
Нов Рекапитулар „СПД“
Почитувани,
Во „Сл. Весник на Република Македонија“ број. 13/2012 беше објавен нов Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на образецот за распределба на остварените приходи по дејности СПД - Рекапитулар кој е дел од комплетот на годишната сметка за 2011 година.
(преземи го правилникот) |
објавено на 12.08.2011 година
Објавен е нов Правилник за вршење попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот
Во „Службен Весник на РМ“ бр.107/11 објавен е нов Правилник за вршење попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот кој ќе се применува од следниот ден од денот на објавувањето во „Службен Весник на РМ“ односно 11.08.2011 година. |
објавено на 12.08.2011 година
Објавен е Меѓународниот стандард за Финансиско известување за мали и средни субјекти
Во „Службен Весник на РМ“ бр.107/11 објавен e Правилникот за дополнување на правилникот за водење на сметководство, со истиот пропишан е Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти кои ќе се применува од 1 Јануари 2012 година.
МСФИ за мали и средни субјекти може да го симнете од затворениот дел за претплатници (база на податоци). |
објавено на 04.10.2011 година
Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност
Во „Службен весник на РМ“ бр.135/11 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со овие измени се:
- Продолжува рокот на важење на повластената даночна стапка од 5% за првиот промет на станови и станбени згради за станбени цели до крајот на 2015 година.
- Примена на повластена стапка од 5% на услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок полупансион и полнпансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти; и
- Примена на повластена стапка од 5% при прометот и увозот на сурово масло за производство на храна за човекова исхрана.
Овие измени ќе стапат во сила на 11.10.2011 година. |
објавено на 11.11.2011 година
Во 2012 и 2013 година субјектите кои имаат блокирани сметки ќе можат своите побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија ...
Во собраниска процедура е предлог - закон за изменување на законот за платниот промет. Со овие измени се предвидува да одредбите од член 25 став 1 од овој закон да се применуваат од 1 јануари 2014 година, со што се дава можност субјектите кои што имаат блокирана сметка да и во 2012 и 2013 година да можат своите побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг. |
објавено на 21.04.2011
Почитувани
Во затворениот дел за претплатници, достапен Ви е новиот Правилник за формата и содржината на годишната сметка којшто излезе во „Службен Весник на РМ“ бр. 52 од 13.04.2011 година. Со овој правилник се пропишува формата и содржината на годишната сметка. Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен Весник на Република Македонија“
Што е ново?
Новите билансни шеми во значајна мера се усогласени со Финансиските извештаи според МСФИ, со таа разлика што содржат повеќе линиски ставки;
Новo - белешки кон годишна сметка;
Билансните шеми се прилагодени и за консолидирана годишна сметка;
Податоците се внесуваат прво за тековната година, а потоа за претходната година;
|
објавено на 01.12.2011 година
Aконтација за данок на добивка за месец Ноември 2011 година
Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Ноември 2011 година е 3,9 % |
објавено на 28.11.2011 година
Податоци за пресметка на плата за месец Ноември 2011 година |
објавено 01.11.2011 год.
АКОНТАЦИЈА НА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА
Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Октомври 2011 година е 3,8 % |
објавено на 31.10.2011 година
Податоци за пресметка на плата за месец Октомври 2011 година |
|
|
логирање
Директивите на ЕУ и Правото на друштвата |
Репрезент Годишна сметка 2011 година |
Прирачник за ДДВ со практични примери


|
|
|
|
|
|
|
|
|
|