|
|
Понуда за полугодишна претплата за 2013 година |
|
Еуросупер БС - 95
|
79,00
|
|
Еуросупер БС - 98
|
80,50
|
|
Д-E 4 (еуродизел)
|
67,50
|
|
|
|
ПОЛУГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2013 ГОДИНАПотребни Ви се актуелни - навремени информации, стручни и практични совети?
Немате време да ги следите сите законски прописи?
Има само еден одговор:
РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ПРЕТПЛАТА ЛЕГИСПотребни Ви се Актуелни - навремени информации, стручни и практични совети? Немате пречистени текстови на законските прописи? Има само еден одговор: ЛЕГИС ПРОПИСИ НА РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ Нов прирачник за ДДВВо новото трето изменето и дополнето издание на Прирачникот за ДДВ на 650 страни, опфатени се сите измени и дополнувања на Законот за додадена вредност, подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон, како и донесените бројни законски прописи усогласени со Европската легислатива, кои посредно или непосредно се поврзани со данокот на додадена вредност.
објавено на 02.05.2013 година
Aконтација за данок на добивка за месец Април 2013 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Април 2013 година е 1,1% |
ОБЈАВЕНО НА 27.04.2013 ГОДИНА
Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Април 2013 година
Согласно
соопштението на ДЗС број. 4.1.13.34 од 26.04.2013 година индексот на
просечната месечна исплатена нето плата по вработен....
|
објавено на 12.04.2013 годинаПоедноставена постапката за доставување на пријави за прекувремена работа, ноќна смена, работа на државни празници ... Согласно соопштението на Министерството за труд и социјална политика се поедноставува постапката за поднесување на пријави за прекувремена работа, ноќна смена, работа на државни празници итн. кои работодавачите задолжително треба да ги доставуваат до Државниот инспекторат за труд.
Објавените пријави испечатени, пополнети со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирани треба да бидат испратени до Инспекторот за труд на Е-mail адресата ...
|
објавено на 01.04.2013 година
Aконтација за данок на добивка за месец Mарт 2013 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Март 2013 година е 0,9% |
ОБЈАВЕНО НА 01.04.2013 ГОДИНА
Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Март 2013 година
Согласно
соопштението на ДЗС број. 4.1.13.26 од 29.03.2013 година индексот на
просечната месечна исплатена нето плата по вработен....
|
објавено на 16.03.2013 годинаОФИЦИЈАЛНО ОБЈАВЕНА МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА 2013 ГОДИНА На одржаната пресконференција на
Министерството за труд и социјална политика а со претходнo донесената одлука на
Економско социјалниот совет се објави
висината на минималната плата за 2013 година. Согласно член 2
од Законот за минимална плата во Република Македонија („Сл. весник. на РМ“ бр.
11/12) минималната плата е најнискиот месечен износ на основна плата која
работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена со
полно работно време и со исполнет нормиран учинок.
Висината на минималната
нето плата за 2013 година останува иста како и во 2012 година и
изнесува ...
|
објавено на 01.03.2013 година
Aконтација за данок на добивка за месец Февруари 2013 година

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Февруари 2013 година е 1,0% |
ОБЈАВЕНО НА 28.02.2013 ГОДИНА
Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Февруари 2013 година
Согласно
соопштението на ДЗС број. 4.1.13.15 од 27.02.2013 година индексот на
просечната месечна исплатена нето плата по вработен....
|
објавено на 22.02.2013 годинаТЕРКОВИ НА ОДЛУКИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА И ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБАТА
Почитувани,
Со цел да Ви излеземе во пресрет на Вашите потреби и да Ви го олесниме тековното работење, Рафајловски Консалтинг само за Вас нашите коминтенти, изработи теркови на одлуки кои електронски можете да ги преземете од делот Р-Регистар/Теркови на нашата веб страна. Во наредниот период оваа категорија ќе се дополнува со други теркови на одлуки, упатства, политики итн. Важно: Електронското издание на Репрезентот за составување на годишна сметка за 2012 година е веќе достапно во делот Е-репрезент/Репрезенти 2012 година.
|
објавено на 08.02.2013 годинаТЕРК НА ДОГОВОР ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Почитувани,
Тимот на Рафајловски Консалтинг изработи терк на договор за вршење на сметководствени работи кој задолжително согласно Законот за вршење на сметководствени работи треба да го склучите во писмена форма. Теркот на договорот можете да го најдете во делот (Р-Регистар - Договор за вршење на сметководствени работи) кој е достапен само за нашите претплатници кои пристапуваат со корисничко име и лозинка.
|
објавено на 16.01.2012 годинаИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ ЗА НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2012 ГОДИНА На веб страната на Централниот Регистар на Република Македонија објавено е новото Известување за начинот на доставување на годишната сметка за 2012 година за сите обврзници...
Линк до целосното известување (отвори) Важно: На нашата веб страна во делот обрасци можете да ги преземете обрасците за годишна сметка за 2012 година прикажани одделно за сите видови субјекти (отвори)
|
Објавено на 15.01.2013 година*ВАЖНО* *ВАЖНО* *ВАЖНО*
Почитувани колеги,
Особена чест ми е да Ви ја честитам уште еднаш Новата
година и да Ви посакам среќа во предизвиците што следуваат.
Од оваа година стапува на сила новиот Закон за вршење на
сметководствени работи кој што очекуваме нашата струка да ја подигне на
рамниште на кое што сите заслужуваме.
И покрај фактот што органите на Институтот на
сметководители (неговиот Управен одбор и претседателот) се уште не се избрани
голема одговорност на нас Консалтинг компаниите е да не даваме погрешни и лажни
информации со кои што би се манипулирало со Вас пред се како луѓе.
Со сигурност е и може да се очекува дека големите
компании како и здруженија кои присуствуваа на собраниските седници при
донесување на законот ќе ја носат најголемата одговорност, како што ја носеле
досега за одржување на нашата струка во изминативе 22 години на слободна и
независна Македонија. Благодариме на Собранието што го донесе овој закон и како
и ...
|
објавено на 14.01.2013 годинаНОВ ПРАВИЛНИК ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА Согласно новиот Правилник за начинот и усливите за поднесување на годишната сметка во електронска форма, субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и усвоените МСФИ и МСФИ за МСЕ поднесувањето на годишната сметка во електронска форма ќе можат да го извршат преку веб страната на Централниот регистар на РМ www.crm.com.mk. Сите друштва кои годишната сметка ќе ја доставуваат на овој начин ќе им се одобри пристап до Системот за електронско поднесување на
годишни сметки и ќе им се додели единствено корисничко име и лозинка.
Со цел да го користите електронскиот систем за поднесување на годишна сметка сите субјекти треба да поседуваат: ...
|
објавено на 11.01.2013 година
УРЕДБА ЗА ИЗДАТОЦИТЕ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА И СЕЛИДБИ ВО СТРАНСТВО
Согласно Уредбата за изменување на Уредбата за издатоците за службени
патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат
во тековни трошоци „Сл. весник на РМ“ бр. 05/13:
Износот на дневница се исплатува и тоа:
- 35% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата, - ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управување не се исплатува дневница; и - ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена не се исплатува дневница. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална или билатерална основа. Овој износ на утвдена дневница ќе се применува до 31.12.2013 година. |
објавено на 02.01.2013 годинаНова референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата од 01.01.2013 до 30.06.2013 година НБРМ ја објави новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.01.2013 до 30.06.2013 година која изнесува 3,75%. Врз основа на тоа: Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, изнесува 13,75% и, Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, изнесува 11,75%.
Едномесечната стапка на Еурибор објавена на 31.12.2012 година изнесува 0,109 |
објавено на 29.12.2012 годинаЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ПДД ЗА 2013 ГОДИНА
Во „Сл. Весник на РМ“ бр.168/12 од страна на Министерството за Финансии беше објавено личното ослободување за 2013 година.
Согласно објавата Личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.269,00 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2013 година. На годишно ниво личното ослободување за персоналниот данок на доход за 2013 година изнесува 87.228,00 денари. (7.269 x 12 месеци) Објавата можете да ја преземете на следниот линк (преземи)
|
објавено на 19.12.2012 година
ИЗМЕНИ И
ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
Почитувани,
Собранието на
Република Македонија донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за
ДДВ, објавен во Службен весник на РМ број 155/12, кој стапи во сила од
18.12.2012 година.
ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА БЕЗ ПРАВО НА ОДБИВКА НА ДДВ
Со измените на
член 23 став 1 точка 8 и новата точка 8-а се дефинираат критериумите
врз основа на кои даночниот обврзник може да користи даночни
ослободувања за прометот на добра и услуги од областа на културата што е
од национален интерес
Се ослободуваат
од ДДВ... |
Објавено на 05.12.2012 годинаОДЛУКА ЗА НАЈНИСКИОТ АПОЕН НА ДЕНАРИТЕ ВО ПРОМЕТОТ
Почитувани,
Во „Сл. Весник на РМ“, број 54/12 беше објавена Одлука за најнискиот апоен на денарите во прометот. Согласно Одлуката:1. Најнискиот апоен на денарите во прометот со кој се заокружува крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги изнесува 1 денар.2. Ако при пресметување се појават износи кои што се во распон до еден денар, ќе се изврши заокружување така, што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар. Оваа одлука ќе се применува од 01.01.2013 година
|
објавено на 05.11.2012 година Предлог измена на Законот за Трговските друштва
Почитувани,Согласно Предлог - Законот за изменување и
дополнување на Законот за трговските друштва се врши усогласување на
истиот со Законот за вршење на сметководствени работи.Во членот
3 од Предлог - Законот за изменување и дополнување на законот за
трговските друштва се предвидува дека „Годишната сметка и финансиските
извештаи ги потпишува сметководителот односно овластениот сметководител
кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување...
|
објавено на 31.10.2012 година Основачко собрание на Институтот на
сметководители и овластени сметководители Почитувани,
На 3 Ноември
2012 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „св. Кирил и
Методиј“ во Скопје со почеток од 10 часот ќе се одржи Основачко собрание на
Институтот на сметководители и овластени сметководители. Согласно соопштението
на Министерството за Финансии право на учество на основачкото собрание може да
земат сите заинтересирани сметководители и овластени сметководители кои имаат
подигнато уверение за сметководител или овластен сметководител од ... |
објавено на 17.10.2012 годинаОбјавени нови Правилници врз
основа на Законот за вршење на сметководствени работи

Во „Сл. Весник на РМ. бр. 127/12“ од
15.10.2012 година, објавени се нови Правилници кои се донесени врз основа на
Законот за вршење на сметководствени работи:
1. Правилник за формата и содржината на
барањето за добивање лиценца за работа и за формата и содржината на лиценцата за
работа на трговец поединец - сметководител, трговец поединец - овластен
сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи ( отвори) 2. Правилник за формата и содржината на
барањето за полагање испит за стекнување со статус на сметководител или овластен
сметководител, како и формата и содржината на уверението за сметководител,
односно овластен сметководител.( отвори)
3. Правилник за формата и содржината на
барањето за упис во регистарот на трговци поединци - сметководители, регистарот
на трговци поединци - овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење
сметководствени работи.( отвори)
4. Правилник за формата и содржината на
барањето за упис во регистарот на сметководители и регистарот на овластени
сметководители.( отвори) |
објавено на 21.09.2012 година
Уплатна сметка на Министерство за Финансии за уплата за добивање на привремено или трајно уверение за сметководител или овластен сметководител

Согласно соопштението на Министерството за Финансии надоместокот за добивање на привремени или трајни уверенија за сметководител или овластен сметководител се врши преку образецот ПП-50 „Налог за јавни приходи“ на следнава сметка:
Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, Министерство за Финансии
Банка на примач: НБРМ - Скопје
Трансакциска сметка: 100-0000000630-95
Износ: 300 денари за привремено уверение за сметководител, 500 денари за привремено уверение за овластен сметководител, 1.000 денари за трајно уверение за овластен сметководител.
Сметка на буџетски корисник: 0900100167 631 17
Приходна шифра: 725939
Програма: 10
Цел на дознака: „За добивање на сертификати за сметководител“ |
објавено на 19.09.2012 година
Утврден надоместокот за добивање на привремени и трајни уверениjа за сметководител и овластен сметководител

Почитувани,
Владата на РМ објави официјално соопштение во кое беше утврден надоместокот што ќе се плаќа за добивање на привремени уверенија за сметководител или овластен сметководител и трајни уверениjа за овластен сметководител за лицата што ги исполнуваат условите од член 50 од Законот за вршење на сметководствени работи.
Надоместокот за добивање на привремено уверение за сметководител изнесува 300 денари, а за овластен сметководител изнесува 500 денари.
Надоместокот за добивање на трајно уверение за овластен сметководител изнесува 1.000 денари.
Целото соопштение можете да го погледнете на следниот линк |
објавено на 14.08.2012 година
Известување од Министерство за финансии за потврда за работниот стаж во постапката за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител

Почитувани,
Министерството за финансии објави известување за обезбедување податоци за работен стаж во постапката за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител.
Согласно известувањето сите заинтересирани лица за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител како доказ за работен стаж покрај потврдата од Агенцијата за вработување, можат да достават изјава за вкупен број на години работен стаж. Изјавата се доставува во случај кога лицето смета дека во потврдата од Агенцијата не е внесен целиот работен стаж.
Целосното известување можете да го погледнете на следниов линк
Изјава за вкупен број на години работен стаж (преземи) |
објавено на 10.08.2012 година
Барање за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител
Почитувани,
Министерството за финансии објави известување за начинот и постапката за поднесување барање за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител.
Комплетното известување можете да го преземете на следниот (линк)
Барање за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител (преземи) |
Објавено на 30.07.2012 година
Закон за вршење на сметководствени работи
Во „Службен весник на РМ“ број 95 од 26.07.2012 година објавен е Законот за вршење на сметководствени работи. Законот влегува во сила осмиот ден од објавувањето односно на ден 03.08.2012 година. Со цел ваше навремено известување истиот можете да го преземете од следниов (линк) |
|
|
Директивите на ЕУ и Правото на друштвата |
Репрезент Годишна сметка 2012 година |
|
|
|